Ципрас и Каменос ќе се сретнат по разврската во македонскиот Парламент

Од:

Коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос, прво ќе ја чекаат разврската кај нас, а потоа ќе остварат средба.

Иако беше неофицијално најавувана за денес, а и самиот премиер на Грција го спомена тоа во неговот завчерашно интервју, сепак, средбата се одложува.

-Додека не се тргне блокадата што постои во ПЈРМ се договоривме да ја одложиме средбата со премиерот, изјавил претседателот на Независни Грци, Панос Каменос, во разговор со новинарите пред почетокот на состанокот на пратеничката група на неговата партија.

Тој додаде дека сите работи се меѓусебно поврзани, дека е во отворена комуникација со Алексис Ципрас, но и дека не може да се одржи средба врз основа на сценарија.

Како што претходно објави МИА, Каменос утрово изјави дека ниту е министер во заминување, ниту е пред оставка, додека, пак, во грчкиот Парламент во тек е состанок на пратеничката група на Независни Грци.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски