Ципрас и Андрулакис ја поздравија победата на Лула на претседателските избори во Бразил

Од:

Лидерите на грчките опозициски партии СИРИЗА и ПАСОК- Движење на Промена Алексис Ципрас и Никос Андрулакис преку нивните официјални Твитер профили ја поздравија победата на Луис Инасио Лула да Силва на претседателските избори во Бразил, истакнувајќи дека e победа на демократијата и социјалната правда, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас испрати честитки до Лула и порача дека „победата над екстремната десница, и покрај сите пречки, е победа на демократијата/социјалната правда и борбата на левичарските и прогресивните сили ширум светот“.

Лидерот на ПАСОК- Движење на промена напиша дека победата е „знак на надеж за народот на Бразил, надеж за почитување на демократските институции, владеењето на правото, но и за поголема социјална правда“.

Додаде дека поразот на Болсонаро го отвора патот за подобра и искрена соработка со Европската Унија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ципрас: Дилемата на изборите е демократија или Мицотакис

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

Ципрас бара оставка од Мицотакис

А1он

Лула да Силва: За 100 дена земјата ќе функционира со нормална брзина

Претседателот на Бразил Лула да Силва положи заклетва

Горан Наумовски

Лула се враќа на чело на Бразил, инаугурацијата ја обезбедуваат 10.000 полицајци и војници