Ципрас: ЕУ да придонесе за снабдување со вакцини на земјите од Западен Балкан

Од:

За потреба да се обезбедат вакцини и за земјите што не се дел од Европската Унија, велејќи дека „не смееме да дозволиме да живееме во нашиот затворен европски круг кога нашите соседи од Западен Балкан, Јужна Африка и Блискиот Исток се соочуваат со уште посериозен недостиг на вакцини“ пишува, меѓу другото, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во колумната за „Политико“ посветена на вакцините против Ковид-19.

Во колумната под наслов „Вакцините се јавно добро, а не корпоративен производ“, Ципрас го повторува неговиот предлог Европа да ги обезбеди патентите за вакцините, за да се зголеми производството, а во еден дел се осврнува и на земјите што не се членки на Унијата, коментирајќи дека е од огромно значење да им се даде опиплива поддршка на земјите од соседството.

-ЕУ итно треба да го засили нејзиниот придонес кон Ковакс, програмата на СЗО што има за цел да обезбеди праведна распределба на вакцините. Ние мора да обезбедиме повеќе производни линии на вакцината со цел ефикасно да придонесеме за Ковакс системот и програмите за вакцинација на земјите што не се во ЕУ. Во време кога е под прашалник улогата на ЕУ во нејзиното соседство и заложбата за проширување со Западен Балкан, особено е важно да покажеме дека ЕУ е подготвена да понуди опиплива поддршка надвор од нејзините граници, пишува Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА истакнува дека сега кога ЕУ е соочена со сериозна можност за недостиг на вакцина, „бидејќи компаниите ги намалуваат или доцнат со испораките, итно треба да го преиспита нејзиниот пристап“.

Пишува дека постојат голем број фармацевтски компании во ЕУ со производствени капацитети во и вон Унијата кои имаат потенцијал да дадат свој придонес.

-ЕУ треба да обезбеди што повеќе лиценци за производство на вакцини и производни линии и да ги добие соодветните патенти за да создаде европски фонд за патенти. Ова, ќе ѝ даде можност на секоја земја-членка на ЕУ што има средства и инфраструктура за производство на вакцини да ги мобилизира своите ресурси и да помогне во забрзувањето на производството, врз основа на стандардите од Европската агенција за лекови, пишува Ципрас.

Во колумната за „Политико“ потсетува дека неодамна 40 европски пратеници , по иницијативата на СИРИЗА, преку допис до Европскиот Парламент ја повикаа Унијата да ги обезбеди патентите за вакцините за да се избегнат доцнењата и недостигот.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески