Ципрас: Без почитување на демократијата можен успех на десницата

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас укажа денеска на ризик од екстремната десница и популистичките партии во Европа доколку лидерите на Европската унија не ја почитуваат демократијата.

– Верувам дека лидерите во ЕУ треба да одлучат дали ќе ја почитуваат демократијата или ќе преземат ризик од се поголемата поддршка за ултрадесничарските сили во Европа, изјави Ципрас за време на состанок со претседателот на европската левица Пјер Лоран.

Ципрас посебно се осврна на случајот на Франција.

– Примерот на Франција е многу сериозен, многу важен. Постои се поголема популарност на партијата на Марин ле Пен и други екстремно десничарки групи така што, ако сакаме да ја поддржиме Европа мора да ја почитуваме демократијата во Европа. Тоа е пораката, нагласи Ципрас.

Грчкиот премиер разговараше со претседателот на Европската левица за актуелната геополитичка ситуација и случувањата во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит