Циодрас: Со вакцинацијата избегнавме 8.400 смртни случаи во Грција од Ковид-19

Од:

Процените се дека со вакцината, до 11 октомври избегнавме околу 8.400 смртни случаи. Ова, практично, значи дека без вакцинацијата ќе имавме 8.400 смртни случаи повеќе, истакна професорот епидемиолог и член на Комисијата на експерти во Министерството за здравство на Грција, Сотирис Циодрас, соопштувајќи ги резултатите од анализата на програмата за вакцинација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите податоци, односно според математички модел Монте Карло, Циодрас рече дека процените се дека со вакцинацијата се избегнати околу 5.560 хоспитализации на Одделите за интензивна нега и околу 5.530 приклучувања на апарати.

-Ако беше вакцинирано 95 отсто од нашето население до средината на јули, денес ќе имавме 1.200 смртни случаи помалку, истакна Циодрас.

Анализата што денеска ја презентираше истакнатиот грчки епидемиолог, се однесува на ефикасноста на вакцините, правејќи споредба на невакцинирани наспроти целосно вакцинираните во однос на смртните случаи, хоспитализациите на интензивна нега и возраста (над и под 60 години).

Пред појавата на Делта сојот, ефикасноста на вакцините во однос на смртните случаи била од 92 до 98 отсто, а по Делта од 71 до 96 проценти.

Поконкретно, најголема ефикасност, според резултатите, има вакцината на Модерна 98 отсто пред и 96 проценти по Делта сојот.

Потоа е Астра Зенека со 96 отсто ефикасност во однос на смртните случаи пред Делта и 94 проценти по мутацијата што веќе е доминантна во Грција.

Ефикасноста на вакцината на Фајзер, од 92 отсто се намалува на 88 проценти по појавата на Делта исто така во однос на смртните случаи.

Најмала ефикасност во споредба со останатите вакцини има Џонсон и Џонсон, односно 71 процент.

Слични се податоците и за ефикасноста на вакцините (над 90 проценти) и во однос на хоспитализирањата на Одделите за интензивна нега и приклучувањето на апарати.

-Овие податоци истакнуваат две важни пораки дека вакцините имаат одлична ефикасност во врска со сериозно заболување, хоспитализирање на интензивна нега и приклучување на апарати, како и во врса со смрт, за сите возрасти. Ја намалуваат опасноста не само за постарите туку и за помладите, истакна Циодрас.

Би можело да ве интересира

Киријакидис: Во шест земји на ЕУ, помалку од 55 отсто се вакцинирани, а тоа е опасно за останатите членки

А1он

Лидерите на Израел, Грција и Кипар се договориле да ја зајакнат соработката во повеќе области

А1он

Полска од први март ќе воведе задолжителна вакцинација за одделни сектори

А1он

ВИДЕО: Хаос во Москва поради расправија за маски – две лица загинаа, а тројца се повредени

А1он

Данскиот министер за здравство позитивен на Ковид-19

А1он

Клуге: Задолжителната вакцинација против коронавирус е апсолутна последна опција

А1он