Циклон на брегот на Јадранот

Од:

Циклон, наречен Ладислав, кого го окарактеризирале силен ветер, пороен дожд и високи бранови, ноќеска и утрово го потопи јадранскиот брег.

Ситуацијата била најлоша во Истра, Риечкото приморје и во подрачјето на Сплит.

Во Истра сообраќајот на неколку патни правци бил блокиран, а подрачјето во близина на брегот останало под вода.

За силен ветер, пороен дожд и високи бранови известиле и од Риека и Цриквеница, со тоа што во Риека морето се подигнало за половина метар и пожарникарите чекаат водата да се повлече за да може да интервенираат.

Невреме ја зафатило и Далмација каде што на отворено море биле забележани бранови од пет метри. Во Сплит дувал ветер со брзина од 120 километри на час.

Заради невремето во прекин се траектните линии кон островите на Кварнер, како и од Сплит кон среднодалматинските острови Хвар, Корчула и Брач.

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Емир Латифовиќ