ЦИК на БиХ: За октомвриските избори пријавени 108 политички субјекти

Од:

За учество на општите избори во Босна и Херцеговина во октомври до вчера до 16 часот, кога беше крајниот рок, пријава за заверка поднеле 91 политичка партија и 17 независни кандидати, јавува Анадолија.

Согласно Упатството за рокови и редослед на изборните дејствија за општите избори 2022 година, вчера во 16 часот истече рокот за поднесување пријави за заверување на политичките партии и независните кандидати за учество на општите избори 2022 година, што ќе се одржат в недела, на 2 октомври.

„До Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) во пропишаниот рок беа поднесени 108 апликации од политички субјекти. Пријави за заверка за учество на општите избори во 2022 година поднесоа 91 политичка партија и 17 независни кандидати. Прелиминарен преглед на апликациите е објавен на веб-страницата на Централната изборна комисија на БиХ www.izbori.ba“, соопшти Централната изборна комисија на БиХ.

Централната изборна комисија на БиХ, согласно пропишаните рокови, ќе ги провери и завери пријавите на оние политички субјекти кои ги исполнуваат законски пропишаните услови, по што ќе бидат исполнети условите за поднесување барања за заверување на коалиции или листи на независни кандидати. .Рокот за поднесување барања за заверување на коалиции и листи на независни кандидати е од 6 до 14 јуни 2022 година до 16 часот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина