ЦИК на БиХ утре ќе ги објави официјалните резултати од општите избори

Од:

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) утре треба да ги потврди официјалните резултати од неодамнешните општи избори во таа земја, но можеби нема да може да го стори тоа за сите нивоа на власт.

Доколку Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина донесе поинаква одлука од одлуката на Централната изборна комисија во врска со жалбите поврзани со повторените избори за претседател и потпретседател на Република Српска, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина утре нема да ги потврди резултатите од гласањето на тоа ниво.

Сите жалби за нерегуларности на општите избори одржани на 2 октомври се доставени до Судот на Босна и Херцеговина, а рокот за одлучување е три дена.

Од Судот на БиХ не посочија кога Апелацискиот совет ќе донесе одлука по жалбите, а доколку таа не биде донесена пред да бидат објавени официјалните резултати, ќе бидат потврдени само резултатите кои не се предмет на жалба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера

Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Босанка со пендрек во кафеана го нападна сопругот и неговата љубовница

Горан Наумовски

Снема струја, па осум деца кои се бањаа во базен се затруени со хлор

Молбите на Зеленски ќе бидат слушнати: Ќе му испратат моќни тенкови користени во Босна

А1он