ЦИК му одговри на Мета: Парламентот има 122 пратеника

Од:

Наспроти апелите на меѓународната заедница за смирување на политичките тензии, со започнување дијалог, политичката криза во Албанија се продлабочува.

Откако владејачките социјалисти претпладнето соопштија дека доставиле барање до Парламентот со што официјилано почнува постапката за импичмент на претседателот Мета, попладнево тој доби одговор од Централната изборна комисија(ЦИК) на барањето колку пратенци има законодавниот дом, што се смета за прв негов чекор кон распуштање на Парламентот.

Во одговорот на ЦИК се наведува дека од вкупно 140 пратенички места пополнети се 122. По откажувањето од пратеничките мандати од страна на опозицијата пополнети се со други пратеници од кандодатскте лсти на партите. По исцрпување на листата на Демократската партија, поради несогласување на дел од кандидатите,останаа непополнети 18 пратенички места.

Деновиве, коментирајќи ја иницијатвата на социјалистите за негово разрешување, Мета рече дека претседателот е „избран од парламент секако не како овој, туку од целосно легитмен парламент“, додавајќи дека „претседателот и припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани“.

Во меѓувреме дополнително тензите се зголемуваат по обвинувањата на опозициските демократи дека власта се подготвува да го уапси нивниот лидер Љуљзим Баша.

Веднаш по објавувањето на веста во претседателската резиденција Мета го повика директорот на албанската трајна служба,ШИШ,Хелидон Бендо.

Би можело да ве интересира

Рама за „Ајриш Тајмс“: Не сум оптимист за почеток на преговорите

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе

Ана Ололовска

Во Нови Сад трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама

Ана Ололовска

Рама ја пофали македонската опозиција, а ја обвини албанската за разлничните ставови на земјите во ЕУ

Ферај: За национално обединување нема потреба од договор со Албанија, косовските симболи ќе ги замениме со албанските

Ана Ололовска

Заев попладнево ќе отпатува во Србија, утре во Нови Сад на состанок со Вучиќ и Рама

Ана Ололовска