ЦИК: Изборната кампања почнува на 19 февруари, Баша, а не Бериша може да предлага кандидати

Од:

Централната изборна комисија, ЦИК, одлучи изборната кампања за делумните предвремени избори за градоначалници во шест општини во Албанија да почне на 19 февруари, отфрлајќи го предлогот на опозициската Демократската партија(ПД), кампањата да почне на 7 февруари.

-Рокот за поднесување предлози за членови на општинските изборни комисии е 25 јануари, до 31 јануари е краен рок за поднесување предлози за членови на избирачките одбори, додека од 6 до 9 февруари партиите треба да поднесат предлози и соодветни документи за кандидатите, кои ги предлагаат за оваа функција, зјави лријан Целибаши, претседател на ЦИК.

Претседателот Илир Мета на шести месецов потпиша уредба со која ги закажа дополнителни избори во општините Скадар, Драч, Пешкопеја, Вора, Рогожина и Лушња.

Пред да го одреди датумот, Мета се консултираше единствено со координаторот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала, кој рече дека „претседателот по ова прашање подолго време го крши Уставот, со доцнењето на уредбата“.

Уредбата на Мета доцни, бидејќи Изборниот законик предвидува избори да се одржат „најдоцна 45 дена од денот на известувањето за престанокот на мандатот“.

Доцнењето тој го аргументираше со чекањето одлука на Уставниот суд за уставноста на локалните избори од 30 јуни 2019 година, кои тој ги закажа, за овој, а потоа, на четврти јуни, кога веќе беше почната кампањата, ги презакажа за 13 октомври. Истите ги бојкотираше опозицијата, па од 61 општина во 60 градоначалници беа избрани од редовите на владејачките социјалисти.

Демократската партија не беше повикана на консултации од претседателот, а овие избори ја затекнуваат во најдлабок внатрешен раскол.

И едното и другото крило во партијата најавуваат свои кандидати на изборите, но претседателот на ЦИК, Илиријан Целибаши, рече дека право имаат оние кои го поседуваат печатот на партијата евидентиран во судот, што знач дека комисијата го признава актуелниот лидер Љуљзим Баша.

Не се отфрла можноста на изборите Бериша да настапи со заеднички кандидати со партијата на Моника Круемади, Движење за социјалистичка интеграција, која беше дел од обединетата опозиција, но по парламенетарните избори има заладени односи со ПД.

Предвремените избори Албанија ќе ја чинат околу 1,5 милиони евра, ќе се гласа на 940 гласачки места а во единствениот избирачки список се запишани 648.536 лица со право на глас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски