Членството на Србија во ЕУ го поддржуваат 54 отсто од граѓаните

Од:

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави денеска дека доколку утре се одржи референдум со прашањето „Дали го поддржувате членството на Србија во ЕУ?“, 54 проценти од српските граѓани би гласале „за“, 24 проценти би гласале „против“, додека 12 проценти воопшто не би гласале , а 10 проценти не знаат како би одговориле на ова прашање.

Говорејќи за претпристапните фондови на ЕУ, Јоксимовиќ оцени дека Србија предводи во регионот во користењето на пари кои и се ставени на располагање, или годишно околу 200 милиони евра. Таа потенцираше дека проектите што придонесуваат за натамошен напредок во зајакнување на конкурентноста на економијата, владеењето на правото, животната средина и борбата против климатските промени, намалувањето на невработеноста и целокупниот социјален развој се предложени како приоритети за финансирање од ИПА фондовите за 2019 и 2020 година.

На спроведената анкета 26 отсто од испитаниците рекле дека Европската Унија е најголем донатор на Србија, На второ место, според перцепцијата на граѓаните е Русија, на трето Кина и на четврто место е Јапонија.

Според официјалните податоци од 2000 година до крајот на 2016 година, Европската Унија и нејзините земји-членки, со грантови од 4,31 милијарди евра, биле најголеми донатори, придонесувајќи значително за развојот на Србија – или поединечно гледано, Европската комисија донирала 2,96 милијарди, Германија 368,21 милиони, Шведска 232,11 милиони и Италија 187,72 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов