Членови на „Правда за Давид“ повторно на плоштадот во Бања Лука, две лица приведени

Од:

Две лица вечерва се приведени на плоштадот „Краина“ во Бања Лука, откако полицијата на 30 декември забрани собирања на групата „Правда за Давид“, објави босански „Фактор“.

Како што се наведува, членовите на групата „Правда за Давид“ дошле на плоштадот откако запалиле свеќи пред храмот „Христос Спасителот“ во 18 часот.

Според очевидци, при приведувањето, едниот маж изјавил дека е Словенец и дека туристички е во Бања Лука. Другиот стоел на плоштадот со стисната песница, по што му пришле полицајците и го одвеле со службено возило.

– Се се случи за неколку минути. Само десетина секунди откако луѓето стоеја на плоштадот, се појавија десетина полицајци и се случија приведувањата, изјави еден од членовите на „Правда за Давид“, група граѓани кои со месеци протестираат, барајќи да се разјаснат околностите под кои трагично загина младиот Давид Драгичевиќ.

Полицијата не соопшти детали за настанот.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Заладување во регионот, снег во Загреб и Бања Лука

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина