Чижов: Ситуацијата на Балканот бара сериозен разговор меѓу Русија и ЕУ

Од:

За време на посетата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, на Москва, на 24 април, ситуацијата во Западен Балкан ќе биде една од сериозните теми на разговорите меѓу Русија и Европската Унија, изјави постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов, цитиран од ТАСС.

– Европската Унија со години наназад игра важна улога во Западен Балкан, сметајќи дека земјите од регионот, кои, се уште, не се влезени во ЕУ, неподготвени сакаат да го направат тоа. Но, ние гледаме дека степенот на желба и степенот на нивната подготовеност не се подеднакви, рече Чижов.

Тој додаде дека нема ништо лошо во желбата за засилување на соработката со ЕУ, но во својот стремеж да го забрза овој процес, Брисел се обидува директно да влијае врз внатрешнополитичките процеси во овие земји и понекогаш постигнува резултат што доста се разликуваат од желбите. Тој како пример ги посочи обидите на ЕУ да посредува во дијалогот меѓу Србија и Косово, што понекогаш водеше до „отворено негативен резултат“.

Според Чижов, во моментов најпроблематична е ситуацијата во Македонија, каде има политичка криза, а ЕУ се обиде да се вмеша, обраќајќи му се директно на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој потсети дека и Могерини, и еврокомесарот Јоханес Хан, и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск беа во Македонија за да „се обидат да и го наметнат рецептот“, што од руска гледна точка наместо до стабилизација на Македонија може да доведе до продлабочување на кризата. Чижов притоа прецизира дека изјавата се однесува на барањето на Брисел, Иванов да го додели мандатот за состав на новата Влада на социјалдемократите и на партиите на етничките Албанци, потписнички на таканаречената „тиранска платформа“.

Би можело да ве интересира

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја