Чистки во ХРТ

Од:

Чистки и „Вартоломејска ноќ“ во хрватскиот јавен сервис. „Вечерњи лист“ пишува дека во Хрватската радио телевизија, 40 вработени на уреднички позиции ќе бидат сменети или распоредени на пониски работни места.

Според угледниот весник некои од вработените на ХРТ за последниве случувања, велат дека „Вартоломејска ноќ“.

Новото водство на ХРТ, донело одлука за смена на околу 40 високи уредници на програмски секции, рубрики, одделенија и конкретни емисии. „ Ваква масовна кадровска рокада во ХРТ не се памети во изминатата деценија, а судејќи според реакциите на сменетите, би можела да заврши со ескалацијата на конфликтот во ХРТ“, пишува „Вечерњи лист“.

Еден од сменетите уредници во изјава за весникот го постави прашањето дали е можно сите 40-тина високи уредници на ХРТ да се неспособни.

Новопоставените велат дека веќе е неодржливо правилото „Еднаш уредник, секогаш уредник“.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он