Четворица загинати во пожарот на Кипар

Од:

Во катастрофалниот пожар загинаа четири лица, а веројатно станува збор за египетски работници, кои од вчера попладне се водеа за исчезнати и се трагаше по нив, соопшти утрово кипарскиот министер за внатрешни работи Никос Нурис.

Ситуацијата со пожарот што изби вчера, утрово е подобрена со само две активни жаришта, а Нурис истакна дека постои умерен оптимизам, иако временските услови и ветерот не им помагаат на пожарникарите.

-Ова е најкатастрофалниот пожар од формирањето на Република Кипар, како во однос на материјална штета, така, за жал и со човечки жртви, рече Нурис во изјава за медиумите и додаде дека денеска биле пронајдени јагленосаните тела на четворицата исчезнати.

Кипар вчера побара помош од Израел и Европската унија, а Израел и Грција испратија воздушни средства, кои според министерот за внатрешни работи, околу 14 часот ќе им се придружат на десетте кипарски авиони.

Πортпаролот на кипарската Влада Мариос Пелеканос рече дека од двата канадери што ги испрати Грција, едниот се вратил назад поради технички проблем, Израел испратил два авиони, а се чека известување за воздушните средства што треба да пристигнат од Италија.

Според кипарските медиуми, осум села, во текот на ноќта беа без електрична енергија, од вчера попладне евакуирани се повеќе делови зафатени од пожарот, а во текот на вчерашниот ден беше уапсен 67-годишен маж под сомневање дека палел сува трева во неговата нива и го предизвикал пожарот што брзо се прошири.

Во катастрофалниот пожар со периметар од околу 35 километри, предизвикана е материјална штета на домови и автомобили, а кипарските сили од копно и воздух се обидуваат, огнените јазици да ги стават под контрола.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар