Четворица загинати во невремето во Истанбул

Од:

Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 19 се повредени, јави агенцијата Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците на Кабинетот за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив има и странски државјанин.

Наведено е дека се повредени 19 лица, меѓу кои три се со потешки повреди. Истакнато е дека надлежните служби посветено работат на терен.

Причинета е и материјална штета. Ветерот откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони.

Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир, информира Анадолија.

Силниот ветер ги принуди властите да ги откажат траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.

Би можело да ве интересира

Русија и Турција постигнаа договор за плаќање на гасот во рубљи

Шведска се согласи да екстрадира едно лице во Турција

Горан Наумовски

ОН негираат дека Анкара од Киев добила поевтино жито

Ана Ололовска

Шумски пожари избувнаа во западна Турција

Ана Ололовска

Поројните дождови предизвикаа големи поплави во Истанбул

Ана Ололовска

Турција испраќа нов брод за сондажа во Медитеранот

Ана Ололовска