Четири тони гранати од Втората светска војна откопани во Албанија

Од:

Околу 4 тони артилериска муниција, останати од Втората Светска Војна, откриени се во близина на албанскиот град Берат.

Гранатите биле закопани во близина на селото Отлак.

Припадниците на инженерската единица на албанската армија повеќе од два месеца вршат ископ, на површина од три илјади квадратни метри, во длабочина до 2,5 метри за да ја извадат муницијата.

Акцијата почнала откако селаните почнале да наоѓаат гранти при обработка на дел од нивните земјоделски површини.
Локацијата е под контрола а на локланото население во овој период му е забрането приближување во тој дел од селото, пради опасност од голема експлозија, врз основа на разурнувачката моќ на гранатите.

Би можело да ве интересира

МНР ги повикува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Реконструкција на албанската влада, меѓу новите министри и еден Македонец

Италијанци избегале од ресторан во Албанија, премиерката Мелони ја плати сметката

Фатени шверцери на марихуана, со рибарски чамец ја пренесувале во Македонија од Албанија

Почина Србин на плажа во Албанија