Честитки за Бајден од Пленковиќ, Ѓукановиќ и Пахор

Од:

По веста дека Џозеф Бајден е избран за претседател на САД, пристигнаа и првите честички од регионот.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателите на Црна Гора и Словенија Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор му испратија честитки на новоизбраниот претседател Бајден на Твитер.

Пленковиќ во честитката изјави дека Владата на Хрватска се радува на соработка со Бајден и избраната потпретседателка на САД, Камала Харис, и нивната администрација за зајакнување на билатералните врски и зајакнување на трансатлантското партнерство.

Мило Ѓукановиќ на Твитер, заедно со заедничката фотографија со Бајден, го опиша изборот на Бајден како голема победа за американскиот народ и потврда за силата на американската демократија, како и голема победа за демократскиот свет.

– Почеток на нова фаза на нашата плодна соработка и континуитет на нашето повеќедецениско пријателство и доверба, напиша Ѓукановиќ на Твитер, со срдечни честитки до избраниот американски претседател.

Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор беше меѓу првите, ако не и првата во Хрватска, која му честиташе на Бајден на Твитер, пренесува Индекс.хр.

Претседателот на Словенија, Борут Пахор во својата честитка изрази оптимизам во врска со идните односи.

Пахор напиша дека со задоволство се сеќава на средбите со Бајден, особено на официјалните разговори во Белата куќа во 2011 година и учеството на Бајден на состанокот на Процесот Брдо Бриони во 2015 година.

– Сето ова ми влева оптимизам во врска со нашата заедничка иднина, во која Словенија и САД ќе останат пријателски земји и силни сојузници, рече словенечкиот претседател.

Би можело да ве интересира

Бајден утре ќе нареди задолжителна вакцинација за сите вработени во сојузните органи

Жарко Настоски

Бајден го осуди антисемитизмот и свастиката во Стејт департментот

Ана Ололовска

Бајден ја обвини Русија дека се обидува да влијае на изборите 2022 во САД

Ана Ололовска

Бајден ги соопшти имињата на осуммина сојузни обвинители кои ги предлага

Жарко Настоски

Бајден го ослободи првиот затвореник од Гвантанамо

Жарко Настоски

Лагите на Фејсбук за Ковид-19 и за вакцините убиваат луѓе обвини Бајден

Катерина Павлова-Николовска