Честитки до Бајден од грчкиот државен врв

Од:

Претседателката на Грција, грчкиот премиер, Министерството за надворешни работи, како и лидерот на СИРИЗА, преку нивните официјални Твитер профили упатија честитки до новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден.

– Џо Бајден беше вистински пријател на Грција и сигурен сум дека под неговото претседателство, односите меѓу нашите земји ќе станат уште посилни, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, им честиташе и на Бајден и на првата жена потпретседателка на САД и на Твитер напиша дека очекува „проширување на соработката и пријателството“ меѓу двете земји.

– Првиот чекор е да им посакаме повторно добредојде на САД во Парискиот договор за климатските промени!, напиша меѓу другото Сакеларопулу.

Грчкото МНР, во два посебни твита испрати одвоени честитки до Бајден и Харис, истакнувајќи дека очекуваат да продолжи „зајакнувањето на одличното грчко – американско партнерство и понатамошно зајакнување на врските меѓу ЕУ и САД“.

Честитки до Бајден испратија и лидерите на грчките опозициски партии, меѓу кои и поранешниот премиер на Грција, а сега лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама