Челик: Време е меѓународната заедница да рече доста на лудилото на Нетанјаху

Од:

Одлуката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за анектирање на окупираниот Западен Брег, доколку победи на општите избори, „го игнорира меѓународното право“, изјави портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АКП), јави агенцијата Анадолија.

– Нетанјаху изјави дека ќе ги анектира населбите на Западниот Брег доколку победи на изборите. Оваа изјава јасно ги игнорира резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и меѓународното право, напиша Челик на Твитер.

Коментарите на Челик дојдоа откако Нетанјаху вети дека ќе го анектира окупираниот Западен Брег ако победи на општите избори во Израел закажани за 9 април.

Челик, исто така, истакна дека Нетанјаху се движи до степен на „целосно уништување на законот“.

Додавајќи дека потегот на Нетанјаху за окупација претставува голема закана за меѓународното право и безбедноста, тој рече дека е „време меѓународната заедница да рече доста на лудилото на Нетанјаху“, пренесува Анадолија.

Околу 650.000 еврејски доселеници моментално живеат во над 100 населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим, окупирани од Израел.

Меѓународното право гледа на Западниот Брег и Источен Ерусалим како на окупирани територии и сите активности на изградба на еврејските населби таму ги смета за нелегални, потсетува Анадолија.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск