Чекајќи го новиот Ципрас

Од:

Политика – Белград

Долгорочно гледано, може да се покаже дека Ципрас на Европа и одржа лекција од демократијата и дека етаблираните политичари на Европа не можат во недоглед да ја игнорираат демократската волја на граѓаните. Лондон, Париз, Мадрид, Брисел и Берлин се плашат дека вирусот на новата неконвенционална левица е заразен и прават се да ги прикажат како ултралевичарски шарлатани.

Од сите групации во Европа настанати на бранот на масовното незадоволство од политичките елити, шпанската Подемос најтешко е погодена од неуспехот на грчката влада да ги одржи предизборните ветувања. Европската бирократија и етаблираните политички партии (касти, како што ги нарече Подемос), повеќе се плашеа од тоа што ќе се случи во ноември во Шпанија на изборите, отколку од Сириза и драматичните настани во Грција. Од вртоглавиот подем на најмладата партија во Европа, кога штотуку основаната партија на универзитетскиот професор Пабло Иглесијас, на изборите за Европскиот парламент во мај 2014 година, освои 1,2 милиона шпански гласови и неочекувано доби пет пратенички места. Мадрид, Париз, Лондон, Брисел и Берлин прават се да ги прикажат како ултралевичарски шарлатани кои ветуваат неостварливи утопии. Пабло Иглесијас беше во право кога уште на почетокот на летото за Волстрит џорнал констатираше дека напорите да се победи Сириза во Грција, е главен инструмент на пресијата на Подемос уште од нејзиното основање.

И Подемос како Сириза е за опстанок во еврозоната и против мерките на ригорозно штедење, бидејќи тие го оневозможуваат стопанскиот раст. Но клучната поука која произлегува од грчките настани дека политичката и финансиската елита не се подготвени за педа да се повлечат од наметнатата владејачка доктрина на штедење и кршење на демократските принципи. И дека не сакаат да ги уважат контра аргументите кои стигнуваат од Подемос или Сириза, сеедно е. Поддршката на Подемос во јануари оваа година го достигна својот максимум со 30 отсто граѓани кои се определија за партија на пристојни луѓе и директна демократија. Партијата на Пабло Иглесијас пред осум месеци беше на прво место пред владејачката конзервативна Народна партија и опозициските социјалисти, а денес поддршката падна на 18 отсто.

Иако стапката не невработеност, по Грција, е највисока во ЕУ, Шпанија оваа година бележи економски раст. Меѓутоа, ретки независни портали укажуваат на лоши показатели за шпанскиот т.н. раст. Новооснованиот портал Контексто, составен од најдобрите и нај искусните новинари кои за одбрана на професијата пребегаа од големите весници Паис и Мундо, изнесува дека за овие четири години политика на ригорозно штедење, Шпанија стана земја со најголема нееднаквост во Еврозоната. Дека еден отсто има непристојно богати, според податоците на Оксфама и поседуваат капитал еднаков на тој со кој располагаат 70 отсто граѓани на Шпанија.

– Колку и да се обидува владејачката партија, преку сите телевизиски екрани да не заплаши со Грција, земјата со најголем број на невработени млади во светот, не е таа во која на власт е Сириза, туку таа во која владее Народната партија на Марјано Рахој, Шпанија, вели за Политика Мигел Мора главен уредник на Контекст, поранешен колумнист и дописник на Паис.

Сепак, дали партијата Подемос ќе успее да се извлече од лавиринтот на Сириза, има ли начини таа да покрене промени во Европа, сега кога изборите во Шпанија се приближуваат, а рејтингот на оваа партија паѓа?

Маските на главните актери во оваа конфронтација со Берлин и Брисел конечно паднаа, заклучија некои аналитичари, трудејќи се да извлечат барем нешто позитивно од дебаклот на Сириза. Латиноамериканскиот левичарски канал Телесур, оди уште подалеку, па предвидува дека ЕУ нема да биде повеќе во состојба да ја одржува својата демократска фасада. – Нејзината продемократска сенка нагло бледее пред откритието дека целосно е потчинета на НАТО и на Вашингтон и дека бранејќи ја својата неолиберална и антисиндикална политика ја игнорира демократската волја на граѓаните – констатира Телесур, основан во време на владеењето на венецуелскиот лидер Уго Чавез.

Официјален Мадрид израдуван од капитулацијата на Сириза, пред изборите извикува дека тоа е доказ дека популизмот не води никаде, освен во ќорсокак, додека Иглесијас ја избегнува радикалната јужноамериканска реторика, но предупредува дека Ципрас на Европа и одржа лекција по демократијата.

Неочекувано, поддршка за новата левица во Шпанија стигна од Лондон каде во тек е избор за претседател на Лабуристичката партија, а главен кандидат е довчерашниот аутсајдер ветеран на антивоеното движење Џереми Корбин. Тој длабоко ги потресе владејачките структури на лабуристите, предизвика масовно зачленување на млади луѓе во најголемата опозициска партија, а неговата реторика е многу порадикална од јазикот на Сириза и Подемос. Корбин заговара радикален пресврт на лево и во надворешната и во внатрешната политика на Обединетото Кралство.

Во економијата се залага за се она што би влијаело да се сруши репутацијата на Лондон како светски финансиски центар. Покрај тоа, Корбин предлага наместо огромните банкарски бонуси, да се воведе обавезно инвестирање во јавниот превоз и изградба на станови за социјално загрозените луѓе, повеќе да се инвестира во бесплатно образование и здравствените услуги, да се спречи приватизацијата на јавните компании и политиката на строго штедење. Некои аналитичари тврдат дека Корбин е економски неписмен, додека Тони Блер поранешниот премиер, апелира на лабуристите, да не одат во пропаст и да не бираат заговорници со надмината идеологија.

Но речиси до вчера, Корбиновата економска платформа ја поддржаа 40 истакнати економисти на Велика Британија, за што извести Гардијан. Меѓутоа, заговорниците на владејачката неолиберална доктрина, тврдат дека сите тие немаат поима од економија. Етикетата на незналици ја прикачија одамна и на нобеловците Јозеф Штиглиц и Пол Кругман.

Ако Џереми Корбин биде избран на 12 септември за лидер на лабуристите, а најверојатно е дека тоа ќе се случи, на Конзервативната партија ќе и биде многу потешко да ги пробутка законите за дополнително стегање на коланот и одлуките за нови воени ангажмани. Во меѓувреме британскиот Ципрас или Иглесијас како што го нарекуваат понекогаш, пружа целосна поддршка на Сириза и на Подемос и забележува дека во Европа губат на избори сите конвенционални партии лево од центарот, кои се согласија на строго штедење и намалување на социјалните бенефиции.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит