Чедомир Јовановиќ на кислородна поддршка

Од:

Според некои белградски медиуми, неофицијално, состојбата на лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се влошила и тој бил пренесен во друга болница.

Јовановиќ беше примен во болницата пред неколку дена поради пневмонија.

Според денешните пишувања во медиумите, неговата состојба се влошила и тој се наоѓа во делот на болницата каде што престојуваат пациенти приклучени на кислород.

Тој, наводно, бил пренесен од КБЦ „Бежаниска коса“ на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија, а неговата здравствена состојба е лоша.

Како што претходно објави Б92, Јовановиќ бил во контакт со лице кое било заразено со коронавирусот, а веднаш штом ги почувствувал симптомите на болеста, се пријавил во болница и направил тест за коронавирус. Резултатите не се објавени.

Би можело да ве интересира

Во БиХ секој ден 266 луѓе ги губат работните места поради пандемијата

А1он

Расте бројот на нови случаи на Ковид-19 во Бугарија, Софија пак е жариште

А1он

Грција ја продолжи забраната за влез од трети земји до 31 август

А1он

Расте бројот на новозаразени во најголемите турски градови

А1он

Шест држави досега се пријавија да ја преземат новата руска вакцина против Ковид-19, меѓу нив и Србија

Познатиот режисер Мајкл Мур ја промовира Македонија како туристичка дестинација, во отсуство на други места за патување на Американците

А1он