Чавушоглу: Легитимна е загриженоста на Турција за приемот на Финска и Шведска во НАТО

Од:

Турција има легитимни безбедносни грижи поради поддршката на Шведска и Финска за „терористичките организации, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, повторувајќи го ставот на Анкара дека се противи на пристапувањето на двете нордиски земји во НАТО.

Во кусите забелешки пред средбата со американскиот колега Ентони Блинкен во Њујорк, Чавушоглу повтори дека Анкара ги разбира безбедносните грижи на Шведска и Финска, но, исто така, нагласи дека треба да се реши и загриженоста на Турција, пренесуваат британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски