Чавушоглу денеска на средби со Мицотакис и Дендиас во Атина

Од:

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска во Атина ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Дендиас, а ќе биде примен и од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Како што соопштија од грчкото МНР минатата седмица, разговорите на шефовите на двете дипломатии ќе се фокусираат на билатералните односи, како и на регионалните и меѓународните случувања.

Дендиас и Чавушоглу вчера имаа неформална вечера во Атина, каде што шефот на турската дипломатија пристигна од областа Тракија по приватната неколкучасовна посета на градот Комотини.

Чавушоглу преку Твитер информираше за средбите говорејќи за турско малцинство, малцинство кое официјална Атина го признава како муслиманско.

Поради тоа, следеше и реакција од портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, кој рече дека Грција „ останува цврсто посветена на меѓународното право и заштитата на човековите права“ и ги спроведува обврските што произлегуваат од Лозанскиот договор според кој во Тракија живее муслиманско малцинство и паралелно ја повика Турција да ги почитува своите обврски од овој договор.

Додава дека муслиманското малцинство во Тракија го сочинуваат околу 120.000 грчки жители.

-Континуираните обиди на Турција да ја изврти оваа реалност, како и тврдењата за наводно незаштитување на правата на овие граѓани или за наводна дискриминација се неосновани и се отфрлаат во целост. Грција би сакала да ги подобри односите со Турција. Неопходен предуслов е почитувањето на меѓународното право. Ја повикуваме Турција да ги почитува овие основни правила, вклучително и Лозанскиот договор, кој исто така го потпиша и е должна да го спроведува, рече Папајоану.

Дендиас и Чавушоглу на средината на минатиот месец се сретнаа во Анкара, а тогашната средба ќе остане запаметена по прес конференцијата, која доби невообичаен тек и се претвори во „ринг“ за истакнување на аргументите на секоја од страните а шефовите на двете дипломатии си разменија остри критики и меѓусебни обвинувања за низа теми.

Би можело да ве интересира

Митотакис: Имаме воена состојба во мирнодопски услови

Горан Наумовски

Мицотакис го посети Волос и најави поддршка за погодените подрачја

Грција ќе обучува украински пилоти за Ф-16

Мицотакис: Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо

Горан Наумовски

Грција: Според излезните анкети, Нова демократија на Мицотакис води на изборите

Мицотакис: Грција оди на избори во мај

Орце Костов