Церар, Мас и Силва разговараа за перспективите на Западен Балкан

Од:

Министрите за надворешни работи на Германија, Португалија и Словенија, земјите што ќе претседаваат со Советот на ЕУ од 2020 до 2021 година, се сретнаа денеска во Берлин, а една од темите за кои се дискутираше беше Западен Балкан и проширувањето на ЕУ.

Домаќин на средбата беше шефот на германската дипломатија Хајко Мас, а тој и неговите колеги Аугусто Сантос Силва и Миро Церар, освен што утврдија дека имаат слични ставови за приоритетите на Унијата, истакна дека проширувањето на ЕУ и Западен Балкан ќе бидат важен дел од агендата на Словенија кога ќе претседава со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година, објави СТА. Церар за време на состанокот рекол дека Словенија е застапник на „политиката на отворени врати”, доколку се исполнети сите услови за пристапувањето.

– Ако ЕУ не го зголеми своето влијание во Западен Балкан, другите светски сили би можеле да го зголемат, истакна Церар.

Тројцата министри разговарале и за промоција на циркуларната економија и социјална Европа, како и за соработката во областа на економијата, надворешните и внатрешните работи, правосудството, животната средина, образованието и науката, земјоделството и културата.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски