Цапак: На почетокот на јуни може да се очекува нормализација на животот во Хрватска

Од:

Хрватска нема проекција до кога може да трае епидемијата на коронавирусот, а членот на Националниот штаб за цивилна заштита Крунослав Цапак вели дека лично смета дека во најлош случај животот во оваа земја може да се нормализира на почетокот на јуни.

-Нема никакви проекции. Работевме само проценка според италијанските модели, како најцрно сценарио, за да видиме дали имаме доволно респиратори и кревети и можеме да кажеме дека има доволно. Лично сметам дека дури на почетокот на јуни ситуацијата ќе се подобри и дека животот полека ќе почне да се нормализира, рече Цапак за загрепски „Јутарњи лист“.

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје уште кажа дека сонцето позитивно делува на вирусот.

-Вирусот го убиваат УВ зраците, а што се однесува до издржливоста, тој умира на 70 степени, и тоа за само неколку секунди, рече тој.

Според него, ова е криза која ќе потрае.

-Мојата проценка е дека ќе имаме неколку илјади заболени, смртност во согласност со земјите кои немаат црни сценарија и дека летото навистина ќе донесе подобро време, рече Цапак.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски