Булент Аранч со одобрување за стоечките протести во Турција

Од:

Турскиот вицепремиер Булент Аранч ја одобри новата форма на отпор во Турција – стоечките протести, кои во последните денови се одржуваат во различни турски градови.

Тој на прес-конференција изјави дека протестот на стотици луѓе, кои со часови стојат неподвижно низ улиците и плоштадите, е мирен и „убав за око“.

Аранч само побара од демонстрантите да не го блокираат сообраќајот и да не си го нарушуваат здравјето.

Стоечкиот протест во понеделникот го започна само еден демонстрант, кој осум часа стоеше исправен на истанбулскиот плоштад Таксим. Нему набрзо му се приклучија и други демонстранти, а вакви собири имаше и во други градови ширум Турција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски