Бугарското МВР негира дека терористот е поранешен затвореник на Гвантанамо

Од:

Активностите за разјаснување на идентитетот на сторителот на терористичкиот акт продолжуваат.

Информациите од бугарските и странските медиуми дека терористот на аеродромот во Бургас е Мехди Мохамед Гезли, не се точни, прецизираа од прес-центарот на бугарското МВР.

„Некоректно е објавувањето на факти, без тие да бидат потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или други надлежни институции“ велат од бугарската полиција.

Претходно беше објавена информација дека терористот е поранешен затвореник во Гвантанамо, Мехди Мохамед Гезли, роден во 1979 година во Стокхолм, Шведска. Татко му бил Алжирец, а неговата мајка со потекло од Финска. Тој израснал во шведскиот град Йоребру. Гезли го посетил Пакистан, за да учи исламско право пред 11 септември 2001 година Бил е уапсен на 01.декември 2001 година во Пакистан. По престојот во Гвантанамо бил ослободен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит