Бугарско МНР: Ја повикуваме Русија да покаже почит за изборот на Бугарија и нејзиното членство во НАТО

Од:

Во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи искажан на социјалните мрежи се наведува дека националните територии на земјите членки на НАТО се територии на Алијансата. Вооружените сили на земјите-членки се исто така вооружени сили на НАТО. Според ставот на Софија, тоа произлегува од Вашингтонскиот договор за основање на НАТО, кој е ратификуван од сите земји-членки. Договорот од Вашингтон не предвидува „втора категорија“ на земји-членки на кои колективната одбрана се применува селективно или во ограничен обем.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерство за надворешни работи ја повикува Руската Федерација да покаже почит кон свесниот надворешнополитички избор на Република Бугарија за членство во НАТО и одлуките на бугарскиот Уставен суд.

„Ја повикуваме Руската Федерација да остане ангажирана во конструктивен дијалог со членките на НАТО во Советот НАТО-Русија, насочен кон иднината на пообединета и побезбедна Европа заснована на владеење на правото и строго спроведување на обврските од меѓународното право“, стои во соопштението.

Сегашната криза во безбедносната архитектура во Европа, како и кризата во и околу Украина, треба да се решат со дипломатски средства и со дијалог, се вели во ставот на Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски