Бугарските социјалисти не зазедоа став за бараната оставка на министерот за одбрана Стефан Јанев

Од:

Бугарската социјалистичка партија, која е дел од владата, одлучи да не ја коментира оставката на министерот за одбрана Стефан Јанев. Ова го соопшти вицепремиерката и лидер на БСП Корнелија Нинова на брифинг во седиштето на партијата по состанокот на Националниот совет, на кој темите беа поврзани со усвоениот буџет на Бугарија и она што се случува во Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Нинова, министерот за одбрана на Бугарија е предлог на партијата „Продолжуваме со промената“, која победи на парламентарните избори и добро е прво да се слушне нивното мислење, а потоа да се реши прашањето.

Таа рече дека прашањето за оставка на Стефан Јанев не е разговарано ниту на лидерско ниво во коалицијата, ниту во Народното собрание.

„Демократска Бугарија“, која исто така е дел од владејачката коалиција во земјата, побара од своите партнери да го сменат Јанев, бидејќи тој не го користи зборот „војна“ од почетокот на воената акција на Русија против Украина.

Министерот за иновации на Бугарија Даниел Лорер денеска изјави дека прашањето дали Стефан Јанев треба да биде сменет од функцијата министер за одбрана треба да го покренат премиерот Кирил Петков и останатите коалициски партнери.

Лорер ги коментираше заедничките акции на ЕУ и НАТО во однос на руската воена инвазија на Украина и рече дека Бугарија мора да биде солидарна со заедничките акции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?