Бугарските рибарски бродови нема да влезат во Црното Море додека не се расчисти прашањето за мините во него

Од:

Три мини се пронајдени во Црното Море од кои едната во близина на бугарско-турската поморска граница, јави БНТ. Според медиумот засега нема официјална потврда за една од мините. Како што јави дописникот на МИА од Софија, сопствениците на бугарските рибарски бродови најавија дека ги повлекуваат своите пловила од Црното Море на период од два до три месеци додека не се види текот на водните струи и присуството на мини. Бугарската морнарица ќе изврши извидување и истрага откако ќе добие сигнал за забележана мина во Црното Море.

Началникот на одбраната на Бугарија, адмирал Ефтим Ефтимов соопшти дека го известил министерот за одбрана дека вчера имало два сигнала за мини од два трговски брода во близина на бугарските територијални води, но по извидувачка мисија со воен хеликоптер не се пронајдени мини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дрон со експлозив пронајден на брегот на бугарско одморалиште

ВИДЕО: Најмалку седум жртви во полавите во Грција, Турција и во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Габриел: Скопје треба да ги исполни обврските што ги презеде

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Убиен познат бугарски бизнисмен

Русија: Нападнати се нашите патролни бродови во Црното Море

Катерина Ѓуровски

Бугаринот избоден во Скопје: Им благодарам на лекарите што ми го спасија животот

Катерина Ѓуровски