Бугарскиот технички премиер Гулаб Донев ја прими косовската претседателка Вјоса Османи

Од:

Бугарскиот технички премиер Гулаб Донев денеска оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, јави дописникот на МИА од Софија.

Во текот на разговорот, премиерот Донев и претседателката Османи разговараа за прашања од заеднички интерес и потенцијалот за продлабочување на билатералната соработка.

На средбата во владината зграда беше разговарано за соработката во енергетската сфера и подготвеноста на Бугарија да разговара за конкретните можности за помош на Република Косово во однос на снабдувањето со електрична енергија.

Во контекст на актуелните предизвици за европската енергетска безбедност, бугарскиот технички премиер ја истакна желбата на Софија за продлабочување на успешна соработка со соседните и партнерските земји во енергетскиот сектор, вклучително и во спроведувањето на клучните стратешки инфраструктурни иницијативи на ЕУ за диверзификација на енергетските испораки за регионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит