Бугарскиот претседател во уставниот рок ќе го свика новоизбраниот парламент

Од:

Бугарскиот претседател,Румен Радев, ќе го свика новото Национално собрание во рокот утврден во Уставот и откако Централната изборна комисија ќе ги објави имињата на избраните пратеници во Службен весник, јави дописникот на МИА од Софија.

Во врска со повикот на бугарскиот премиер Бојко Борисов да се свика Големо национално собрание и да се промени бугарскиот Устав, прес-службата на шефот на државата за Бугарското национално радио потсети (БНР) дека ставот на претседателот Радев е дека промените во Уставот не треба да станат залог за нечиј политички опстанок.

Претседателот на Стратешкиот совет на претседателот, Александар Маринов, за Бугарското национално радио коментираше дека претседателот не е медијатор меѓу политичките сили во Бугарија. Според него, како нација, неопходната, иако задоцнета, промена е веќе постигната.

-Формирањето влада ќе биде тешка, но не и невозможна задача, додаде тој, додавајќи дека следната бугарска Влада нема да биде предводена од премиерот Бојко Борисов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит