Бугарскиот претседател бара итна и безусловна оставка од Борисов

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара премиерот Бојко Борисов веднаш да поднесе безусловна оставка, јави БГНЕС.

– Предлозите на премиерот не треба воопшто да се коментираат. Ги повикувам сите оние кои се грижат за иднината на Бугарија да не паднат во стапицата на Борисов, рече Радев, при неговата посета на крајбрежниот град Варна.

По пристигнувањето на Радев во Варна, дошло до мал судир меѓу приврзаниците на владејачката партија и демонстрантите против владата. Полицијата интервенирала и ги раздвои луѓето.

– Вие ја браните државноста во Бугарија, им се обрати претседателот на насобраните антивладини демонстранти.

– На премиерот очигледно не му се допаѓа како ја уништи земјата во последните 10 години и сака да му дадеме можност повторно да ја уништи. Тој сака да ја земе целата земја како заложник за негово сопствено опстојување на функцијата, рече Радев.

Според шефот на бугарската држава, целта на нацрт-уставот поднесен од ГЕРБ денеска не е да се зборува, корупција, беззаконие, административно рекетирање. Тоа е целта на Борисов. Ваквата тешка криза на доверба не може да се лекува со Големото национално собрание. Излез не е Големото национално собрание, туку оставка, категоричен е Радев. Тој истакна дека парламентот ја исцрпил легитимноста и довербата.

– Тоа треба да биде на дневен ред, една единстствена точка – итнаа и безусловна оставка, изјави Радев.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека по барањето за свикување на седница на Големото национално собрание и промена на уставот, треба да се преземе следниот чекор.

Тој рече во видео-порака објавена на неговиот Фејсбук дека целта е да им се даде на граѓаните право да избираат и да донесуваат одлуки. „Контактиравме со коалиционите партнери и побаравме состаноци. Сфатив дека тие исто така имаат предлози. Дозволете ни да не поддржат во ова. На 2 септември треба да влеземе со 120 потписи“, рече Борисов.

Како што изјави тој, единствената цел на неговата партија ГЕРБ е да им даде на луѓето право на глас.

„Ние сме обвинети дека не сме легитимни. Имавме избори двапати минатата година и досега ниту една агенција не покажа дека ГЕРБ не е прва политичка сила“, рече Борисов.

Шефицата на пратеничката група на ГЕРБ Даниела Дариткова денеска го депонираше нацрт-уставот во Народното собрание. Документот е испратени до шефовите на сите пратенички групи во парламентот и пратениците, соопшти прес центарот на партијата. ГЕРБ ги повикува на разговори и консултации за предложениот нацрт-устав сите парламентарни групи со цел да биде постигната широка согласност меѓу народните претставници за свикување на Големото народно собрание.

Предлогот за нов Устав или за изменување и дополнување на сегашниот, како и за измени на територијата на земјата според законот се разгледува од Националното собрание не порано од два месеци, а не подоцна од пет месеци по неговото доставување.

Борисов претходно рече дека ќе поднесе оставка ако Парламентот го одобри неговиот план да распише избори за Големото национално собрание, со цел промена на Уставот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада