Бугарскиот премиер формираше координативна група за случајот со турскиот брод „Вера Су“

Од:

Преодниот премиер на Бугарија Стефан Јанев формираше координативна група за ситуацијата со заглавениот турски брод „Вера Су“ кај Камен Брег, соопшти владината прес – служба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, раководители на координативната група се министерот за животна средина и вода Асен Личев и министерот за транспорт, информатичка технологија и врски Христо Алексиев, а во неа се и замениците министри за одбрана Пламен Јорданов, за надворешни работи Василиј Такев, за правда Марија Павлова и за внатрешни работи Тања Петрова.

Задачите на координативната група се да ги организира, координира и контролира активностите на надлежните органи во однос на бродот „Вера Су“, како и да собира информации за развојот на ситуацијата. Јанев лично ќе ги следи активностите на координативната група.

Во интервју за БНТ, премиерот на Бугарија изјави дека има вода во бродот, но тој се уште не потонал. – На турскиот брод нема претставници на бугарските власти. Екипажот на бродот не е евакуиран, што значи дека одбивањето на капетанот да го напушти бродот значи дека имаат надеж дека тој може да се спаси, вели Јанев.

Покренат е план со помош на меѓународни компании за спасување бродови во вакви несреќи. Овие компании ја истражуваа ситуацијата во последните денови, а клучен фактор е времето да дозволи да се пристапи, бидејќи местото на заглавувањето е многу специфично.

Како што рече и Јанев, местото е плитко, така што други бродови можат да бидат наоколу, а од брегот е невозможно да се помогне. – Сите можности, како што е пренесување на дел од товарот на копно или користење хеликоптери е проценето дека се премногу опасни, додаде Јанев.

Би можело да ве интересира

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија

Бугарија: Земјоделците организираа протест пред зградата на Владата барајќи оставка од ресорниот министер