Бугарскиот министер за одбрана учествуваше во евакуација на Авганистанците кои работеа за Софија

Од:

По наредба на преодниот бугарски премиер, Стефан Јанев, министерот за одбрана Георги Панајотов ја предводеше теренската операцијата од Пакистан за повлекување авганистански и бугарски државјани од Кабул.

Веста ја објави лично министерот Панајотов по неговото враќање во Бугарија.

Според дописникот на МИА од Софија, евакуираните авганистански државјани работеле за Бугарија за време на операциите на НАТО во Авганистан, како и бугарски државјанин и неговото семејство.

Операцијата за нивна евакуација беше организирана и спроведена од Воено-разузнавачката служба, а по инструкции на премиерот Јанев и директно раководство на министерот за одбрана, Георги Панајотов, и со помош на министерот за надворешни работи Светлан Стоев и бугарскиот амбасадор.во Исламабад Ирена Ганчева.

За време на посетата на Пакистан, бугарскиот министер Георги Панајотов се состана со пакистанскиот федерален министер за одбрана Первез Хатак. Двајцата разговараа за можностите за развој на билатералната соработка во областа на одбраната, одржување на воспоставениот добар дијалог меѓу страните во областа на безбедноста, можностите за обука и воено-техничка соработка, како и развој на соработката во други области од заеднички интерес.

Претходно, бугарската Влада одлучи да им даде азил на најмногу 70 Авганистанци кои работеа за бугарската Амбасада во Кабул и воените контингенти на земјата.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина