Бугарскиот министер за образование В‘лчев: Новата учебна година ќе започне со нормална настава

Од:

„Одлучивме да ја започнеме новата учебна година со непосредна настава и физичко присуство на учениците“, ова го изјави бугарскиот министер за образование Красимир В‘лчев за време на состанокот на Комисијата за образование и наука во врска со почетокот на следната учебна година.

В‘лчев на состанокот изјави дека министерството донело одлука новата учебна година да стартува на ист начин како и претходната година, но со почитување на мерките за заштита од ширењето на коронавирусот.

„Факт е дека учењето преку електронски пат не може целосно да го замени физичкото присуство. Во исто време, треба да работиме и да развиваме правила за функционирање на системот во овие услови. Тие ќе бидат најопшти во однос на организацијата и специфични во однос на таканаречените „здравствени протоколи“, рече бугарскиот министер.

Училиштата во државата ќе треба да имаат план за организација на работата и да останат флексибилни во однос на промената на моделот на настава.

„Се надеваме дека системот за здравствена заштита ќе има капацитет за брзо анализирање на состојбата и така соогледувајќи ги здравствените протоколи, да констатира каква ќе биде средината во која ќе има контакт меѓу учениците“, додаде В‘лчев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит