Бугарски пратеник позитивен на Ковид-19, цел Парламент ќе биде тестиран

Од:

Претседателката на бугарскиот Парламент, Цвета Карајнчева вчера вечер соопшти дека еден пратеник е позитивен на новиот коронавирус.

Станува збор за пратеникот од редовите на партијата Движење за права и слободи (ДПС), Хасан Адемов.

Карајанчева објасни дека сите пратеници ќе треба да бидат тестирани. Направена е организација и во текот на денешниот ден ќе бидат подложни на тестирања во две здравствени установи во Софија. Останатите службеници во Народното собрание ќе бидат тестирани в четврток.

Таа истакна дека дури откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, а тоа е за максимум 48 часа, ќе биде одлучено дали ќе се затвори Парламентот и за администрацијата и како да се продолжи со вонредниот состанок за ребаланс на буџетот, закажан за в четврток, на 2 април.

Комисијата за буџет и Комисијата за енергетика нема да заседаваат денеска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит