Бугарски министер за одбрана: Не е тајна дека Бугарија извезувала оружје преку други земји во Украина

Од:

Не е тајна дека Бугарија извезувала оружје во Украина преку други земји. Чудното во оваа ситуација е што овие информации ги добиваме од странски медиуми, а не од поранешниот премиер. Toa го изјави синоќа техничкиот министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов за локални медиуми. Изјавата беше дадена во врска со написот на германскиот весник „Велт“ во кој се тврди дека Бугарија испорачувала гориво и муниција на Украина во првите месеци од војната.

Во однос на муницијата ќе ви дадам пример – во 2021 година во Романија и Полска се извезуваше муниција во опсег од околу 30 милиони, во 2022 година – за 2,6 милијарди. Значи секој може да пресмета два плус два, изјави Стојанов.

Според мене, словото на законот е испочитувано бидејќи се работи за комерцијални трансакции. Духот на законот може да биде доведен во прашање, додаде тој.

Вицепремиерката Корнелија Нинова, која беше одговорна за ова, неколкупати рече дека не сме извезле ниту еден шаржер во Украина – директно не сме извезле, но индиректно да, од секаде информациите се такви, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит