Бугарски медиуми за договорот меѓу Македонија и Грција: Ципрас доби подарок – црвена вратоврска

Од:

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија го потпишаа договорот со кој Поранешната Југословенска Република Македонија сега ќе се вика „Република Северна Македонија“, јавуваат електронските изданија на бугарските медиуми.

Извештаите засега се речиси без коментари, само информации дека е потпишан во грчко село на брегот на Преспанското езеро, по што делегациите се префрлија на македонска страна.

Порталот 24 часа.бг исткнува дека „историскиот договор е факт“ и во насловот извлекува дека Ципрас од Заев доби црвена вратоврска.

– По потпишувањето и официјалните говори, грчкиот премиер доби подарок – црвена вратоврска. Тој симболичен чин веројатно е првиот чекор кон излез на Грција од кризата. Да потсетиме, дека Алексис Ципрас вети дека ќе стави вратоврска кога Грција ќе излезе од кризата, пишува порталот.

И бугарската информативна агенција „Блиц“ издвои посебен простор за гестот на Заев.

– Македонскиот премиер Зоран Заев неочекувано одлучи да му подари нешто на грчкиот колега Алексис Ципрас, со кого пред неколку минути официјално утврдија промена на името на Македонија во Република Северна Македонија… Тој ја извади својата црвена вратоврска и по прегратка му ја даде на Ципрас. Двајцата насмеани повторно се ракуваа пред насмеаните лица на гостите кои долго аплаудираа, нагласува порталот.

Блиц нагласува дека откако провериле, утврдиле дека „денеска западниот дел на Европа го празнува Денот на таткото“.

– И покрај тоа што се одбележува претежно во католички земји, празникот е многу почитуван и во Грција. Денот на таткото се одбележува во третата недела од месец јуни. Еден од традиционалните подароци за тој празник е вратоврска. На многу места овој моден додаток е симбол на Денот на таткото, пишува Блиц.

Бугарските медиуми исто така ја пренесуваат и пораката на Фејсбук на Борисов кој ги поздрави премиерите на Македонија и Бугарија и напиша дека договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе