Бугарските институции преземаат итни мерки за обезбедување на црноморското подрачје по информацијата од синоќа дека по невреме поморски мини од Одеса се регистрирани во Црното Море.
Според официјалните податоци, тие мини претставуваат реална закана за пловните објекти на отворено море.
Постојано ќе се следат нашите поморски граници, како и курсевите на сите пловни објекти во Црното Море, соопшти владината прес-служба.
Агенцијата за рибарство и аквакултура ги извести двете најголеми риболовни здруженија во Бугарија да не испловуваат на море до целосно расчистување на проблемот.
Извор: МИА