Софија: Отстранети шаторите на демонстрантите, приведени организаторите на протестите

Од:

Бугарската полиција рано утрово ги отстрани шаторите на демонстрантите од три важни пункта во центарот на Софија, што го блокираа сообраќајот и притоа беа приведени 12 луѓе, меѓу кои и организаторите на протестот.

Организаторите биле уапсени затоа што одбиле да ја извршат наредбата, односно немале лични карти, пренесува БТА. Подоцна беа ослободени.

Демонстрантите поставија шатори пред зградата на Советот на министри, Универзитетот во Софија и централниот мост во градот, блокирајќи го сообраќајот.

Според полицијата, при отстранување на шаторите не била користена сила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада