Бугарската национална телевизија може да стопира игра заради антисемитски цитат

Од:

Популарната игра на Бугарската национална телевизија „Последниот заработува“, чиј домаќин е познатиот пејач Орлин Горанов, може да биде стопирана следната недела поради цитирана антисемитска изјава на шахистот Боби Фишер. Ова за бугарскиот весник „24 часа“ го најави генералниот директор на БНТ, Емил Кошлуков.

Поради спорниот цитат 71 интелектуалец потпишаа отворено писмо во кое прашуваат „на кого му требаше оваа груба антисемитска демонстрација на националната телевизија?“.

Цитатот од шахистот Боби Фишер, прочитан за време на играта, гласи: „Евреите не сакаат да работат. И ова е една од работите што Евреите многу ги мразеа во логорите на Хитлер. Никогаш немало гасни комори. Тоа е глупост! Но, кога ќе отидете во кампот, има натпис: „Arbeit macht frei“ ( Работата ве ослободува). Меѓутоа, Евреите не веруваат во ова. Тие веруваат дека треба да ја завршите целата работа и тие да го земат профитот. Ова е проблемот со Евреите“.

Освен писмо од израелската амбасада во Софија, и револтирани граѓани испратиле писмо до генералниот директор на Бугарската национална телевизија, Емил Кошлуков, како и до Советот за електронски медиуми, Обвинителството и Бугарската телеграфска агенција (БТА), Бугарското национално радио и приватните телевизии БТВ и Нова ТВ. Писмото, исто така, беше објавено на Фејсбук профилот на писателката Леа Коен, која е меѓу потписниците, а списокот продолжува да расте.

Генералниот директор на БНТ Емил Кошлуков за софискиот весник „24 часа” коментира дека ќе изрече најстроги казни за сите виновници за непријатниот настан. Тој најави дека БНТ може да го запре емитувањето се додека не се разјасни зошто е дозволено тоа што се случило. Одлуката за тоа што ќе се случи со телевизиската игра ќе да биде донесена следната недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит