Бугарската армија ќе добие нови американски 3Д радари

Од:

Министерот за одбрана на Бугарија, Георги Панајотов и американската амбасадорка во Софија Херо Мустафа одржаа состанок на кој учествуваше и началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, објави прес-центарот на Министерството за одбрана на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на разговорите се разгледани теми поврзани со развојот на проектите за модернизација на бугарските вооружени сили, особено за стекнувањето нови 3Д радари, како и можностите за спроведување иницијативи во областа на кибер-одбраната.

Овој вид радар ќе ја олесни работата на новите ловци Ф-16 што Бугарија очекува да ги добие. Пролетта, бугарските воздухопловни сили објавија дека се очекуваат седум радари, од кои пет може да чинат околу 400 милиони лева (200 милиони евра).

Исто така, Панајотов и Мустафа разменија мислења за достапната авијациска опрема во бугарските воздухопловни сили.

Американската амбасадорка го истакна интересот на Вашингтон да потпише административен договор со Европската агенција за одбрана, што ќе им овозможи на САД да учествуваат во проекти во рамките на иницијативата на ЕУ за трајна структурна соработка (ПЕСКО).

За време на разговорите, беа разгледани и можностите за спроведување преглед на напредокот постигнат во исполнувањето на поставените приоритети во „Патоказот за одбранбена соработка меѓу Бугарија и САД“, потпишан во октомври 2020 година (2020-2030 година).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит