Бугарија загрижена поради испорката на рускиот „Панцир С1“ на Србија преку нејзина територија

Од:

До крајот на оваа недела Русија ќе го испорача на Србија првиот од шестте ракетни системи „Панцир С1“, соопштија од Атлантскиот совет на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, оваа организација изрази загриженост поради можноста таквата испорака да се изврши преку воздушниот простор на Бугарија.

-Дали авионите со оружје ќе летаат над воздушниот простор на Бугарија?, прашуваат од Атлантскиот совет на Бугарија, пренесе денес Танјуг.

„Ако е упатено такво барање, дали е издадено одобрение за тоа и ако е така, врз основа на што? Министерството за надворешни работи мора во согласност со постапките да ја усогласи својата одлука со Министерството за одбрана и Министерството за транспорт. Каков одговор дадоа тие министерства?“, соопштија синоќа од бугарскиот Атлантски совет на Фејсбук.

Организацијата, исто така, праша и дали е научена лекцијата по, како што велат, стратешката грешка во 2019 година, за време на воената вежба „Словенски штит“ кога рускиот против-воздушен системи С-400 е пропуштен во Србија, предупредувајќи таквата грешка да не се повтори, бидејќи Бугарија на овој начин се нашла во рамките на дејствија на овие системи.

Неделава, во пресрет на посетата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на Белград, српските медиуми најавија дека до крајот на оваа недела треба да се реализира првата испорака на шесте системи за противвоздушна одбрана „Панцир С1“, која Србија ги нарача од Русија според договорот потпишан во октомври минатата година.

Шојгу за време на посетата на Белград, во понеделникот разговараше со српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, за соработката во одбраната, при што министрите ја истакнаа нивната заедничка заложба за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји во наредниот период.

Во ноември минатата година, во пресрет на посетата на Белград на директорот во американскиот Стејт департмент задолжен за примена на санкции кон Русија и за земјите кои ги кршат тие санкции, Томас Зарзецки, весникот Политика обајви дека „САД се заинтересирале за Србија по воената вежба на воените сили на Србија и Русија „Словенски штит“ на крајот на октомври, на која се прикажани ракетните системи „С-400“ и „Панцир С“.

За време на посетата на вежбата „Словенски штит“, срскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека системот „Панцир“ е „фантастичен“.

-Тој ги таргетира сите летачки објекти, особено беспилотните летала и ракетите. Тој може да види сè на оддалеченост од 80 километри, радарот тешко може да се залаже и имаат разновиден пристап. Нашите луѓе се задоволни, се обучуваат, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов