Бугарија за в петок најави „комплетно затворање“ на државата поради коронавирусот

Од:

Бугарија има намера во петок да ги затвори училиштата, рестораните и продавниците и да ги забрани сите спортски настани, приватни забави и екскурзии, за да се спречи ширењето на вирусот, изјави денеска министерот за здравство, Костадин Ангелов.

За овие мерки ќе се разговара во среда на седница на владата, со цел да се спречи целосен колапс на здравствениот систем на државата, вели министерот. Од почетокот на пандемијата, во Бугарија, која има околу седум милиони жители, се забележани 121.820 случаи на заразени со коронавирусот.

– Колку и да сте подготвени, нема таков здравствен систем што може да издржи таков притисок. Не можеме да со дозволиме да ни умираат млади, стари луѓе, учители, лекари, изјави тој.

Во Бугарија од Ковид-19 досега починаа 2.880 луѓе, а близу 700 од смртните случаи се забележани во последната недела.

Според планот на бугарската влада, од 27 ноември училиштата и факултетите ќе преминат на онлајн настава, а се затвораат кината, трговските центри, рестораните и сите угостителски објекти. Забранети се секакви собири, а ќе им биде дозволено да работат само на службите за достава на храна и на дежурните аптеки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит