Бугарија за половина час ја погодија три земјотреси

Од:

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) во рок од 30 минути регистрира три слаби земјотреси во јужна Бугарија.

Најсилниот бил во 10 часот и 15 минути, со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северо-североисточно од Димитровград (Бугарија) и на 30 километри од Стара Загора, на длабочина од два километри, пренесува Новините.

Вториот земјотрес се случи неколку минути подоцна, во истата област. Неговата јачина била 2,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 13 километри северозападно од Харманли, на длабочина од два километри.

Третиот земјотрес во истото подрачје бил со јачина од 2,2 степени.

Би можело да ве интересира

Бугарија доби влада: Парламентот го изгласа кабинетот на Николај Денков

Џамбаски: Владата во Скопје лобира во Брисел, во лажирањето на извештајот се вклучени и европратеници

Орце Костов

(ВИДЕО) Крвави образи и скршени очила во тепачката на бугарските пратеници: Се клоцаат и се нарекуват гниди

Орце Костов

Планк: Софија и Скопје да ги приближат своите позициите во интерес на нивниот развој

Се преврте туристички автобус во Бугарија: 12 лица се во болница од кои пет се во потешка состојба

Горан Наумовски

Македонско знаме се вее на тераса во Пловдив, соседите мислат дека е провокација

А1он