Бугарија стравува од појава на нови свлечишта

Од:

Постои опасност од појава на нови свлечишта во Бугарија, како последица на обилните врнежи од снег и дожд во последниве денови, изјави денеска бугарската министерка за регионален развој Лилјана Павлова.

– Обилните врнежи од снег и дожд допрва ќе нанесат огромна штета не само на патна мрежа, туку и на други објекти на територијата на целата земја, пред се во реоните каде има предуслов за појава на свлечишта и одрони, рече Павлова.

Како што јави БТА, околу 130 села во реонот на Крџали се отсечени од светот поради обилниот снег, а над 400 населени места во областа на Родопите се без електрична енергија поради хаварии во електричната мрежа предизвикани од снежното невреме што го зафати тој дел на Бугарија кон крајот на минатата недела.

Претставник на „ЕВН Бугарија“ информира дека екипи на компанијата работат на отстранување на дефектите, посочувајќи дека состојбата е најкритична во општините Смолјан и Крџали.

Поради проблемите во сообраќајот предизвикани од снежното невреме и прекинот на електричната енергија, денеска и утре нема да се одржува настава во 125 училишта во реоните на Крџали, Пазарџик, Смолјан, Хасково, Пловдив и Добрич.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ