Бугарија спречи 60 мигранти да ја преминат турската граница, армијата подготвена да испрати уште 1000 војници

Од:

Утрово бугарската погранична полиција реагираше и спречи две групи, од по околу 30 мигранти да ја преминат турската граница, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

– Изразувам категоришна решителност во однос на тоа дека армијата треба целосно да соработува и да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на државната граница, притоа да не се дозволи ниту еден илегален имигрант на територијата на Бугарија. За таа цел, бугарската војска е подготвена да се вклучи со 1000 луѓе и до 140 парчиња опрема, истакна министерот.

Претходно денеска, бугарскиот премиер Бојко Борисов соопшти дека утрово жандармеријата е распоредена по должината на границата со Турција и поморските граници. Подоцна денеска, Борисов телефонски ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според Борисов е изненадувачки тоа што турските граничари се повлекле од своите работни места. Тој побара бугарската погранична полиција да контактира со своите колеги од Турција.

– Во моментов постои реална закана со оглед на настаните што се случуваат таму. Кога се борат со ракети, луѓето бегаат, се разбира. Но, истовремено, кога наметнуваме вакви тешки процедури за влез и излез од државата поради коронавирусот, замислете стотици илјади мигранти да почнат да влегуваат во земјата. Не можеме да го дозволиме тоа, категоричен е Борисов.

Турските медиуми претходно соопштија дека стотици мигранти во Турција се упатиле кон пограничните региони со Европа, по неофицијалните извештаи дека турските власти „ги отвориле вратите“.

До ваков развој на ситуацијата се дојде откако 33 турски војници вчера беа убиени во северозападната сириска провинција Идлиб во воздушен напад, за кој Анкара го обвини Дамаск.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори