Бугарија се изолира во ЕУ и НАТО, таа губи најмногу од блокирањето на Македонија, вели бугарски дипломат

Од:

Поранешниот бугарски заменик-министер за надоворешни работи и поранешен амбасадор во Лондон, Љубомир Ќучуков, вели дека Бугарија поради блокадата на Северна Македонија ја изгубила цела предност на земја-членка на ЕУ, и се изолирала како во НАТО и ЕУ, така и на Балканот.

Во авторски коментар за бугарскиот портал „Епицентар“, Ќучуков вели дека поради тоа Бугарија е подложена на политички притисок од сите страни – од САД поради геополитички причини за да не се создаваат тензии на Западен Балкан кои отвораат дополнителен простор за влијание од Русија и Кина, од ЕУ, заради тоа што на тој начин се компромитира политиката на проширување на ЕУ кон регионот.

-Бугарија е изолирана дури и од Албанија, бидејќи на тој начин се одложува и нејзиниот почеток на преговори за членство. Дури и Грција успеа да стане пријател на Република Северна Македонија, а Франција, која во принцип е против проширувањето на ЕУ, сега тврди дека ја подрржува земјата, вели Ќучуков.

Според него, Бугарија успешно се втурнала себеси во стапица. Наспроти општоприфатеното мислење, Бугарија, вели тој, е таа која најмногу изгуби поради блокадата на С. Македонија, како на меѓународен план, така и во билатералните односи.

Техничката Влада на Бугарија, според Ќучуков, не може да излезе од оваа ситуација во отсуство на Парламент, затоа што Рамковната позиција од 2019 година, оценува тој, ги блокира сите можности за договор.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска